Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја неколку скопски општини

„ЕВН Македонија“ АД известува дека денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош, Бутел и Шуто Оризари.

Во периодот од 8 до 10 часот, корисниците од патот за Долно Лисиче, фирмите околу „Биолеб“ („Силбо“) до сервисот за автомобили и делови „Алек-Цаки“ во општина Аеродром, ќе останат без струја.

Во периодот од 9 до 10 часот дел од улицата Индира Ганди, дел од улицата Хаџи Јован Шишов, улицата Тиквешка, исто така амбулантата и градинката „8 Април“ во општина Шуто Оризари ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 11.30 часот дел од потрошувачите на улицата Нерешка во општина Карпош ќе немаат струја, а во периодот од 8 до 9 часот дел од корисниците во Визбегово, и тоа: објектите околу црквата, околу „Њу стар“ и околу кампот за азиланти, хотелот „Њу стар“, кампот за азиланти и „Ефес трејд“ во општина Бутел.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК