Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание: На Скопје не му требаат уште споменици, подобро да се инвестира во здравството, загадениот воздух и зеленило

На прашањето „Дали на Скопје му требаат уште споменици дивоградби, или пак модерни згради?“ – повеќето граѓани за анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, велат дека на Скопје не му требаат уште споменици. „Подобро е тие пари да се инвестираат за нешто друго, за здравството на пример“, „Мислам дека треба да обрнат повеќе внимание на загадениот воздух и ред други работи“, велат граѓаните.

За дел од анкетираните доволно има и модерни високи згради, а за дел треба да се градат уште. Тие што се против нови згради, укажуваат дека на Скопје му требаат повеќе паркови, зеленило, игралишта за деца – „Скопје има проблем со протокот на воздух“, „Скопје е веќе угушено во бетон“. Додека други сметаат дека на Скопје му требаат и облакодери, но „не треба да биде начичкано“. „Треба и високи згради, и убави, и модерни“, вели една скопјанка.

На местото на споменикот пред судот, граѓаните сугерираат зеленило или фонтана. „Јас сум за зеленило секогаш“, вели еден студент од Центар: „Дрвата се есенција, не можеме да бидеме без нив“. Граѓанката која предлага фонтана вели: „Фонтана, фонтаните придонесуваат за поубаво „Фенг шуи“, а поубавото „Фенг шуи“ предизвикува подобра психологија“.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК