Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тренчевска – Ѕуо: Еднаков пристап за сите деца во детските градинки е на прво место

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадорот на Народна Република Кина. На средбата се разговараше за овозможување на инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, тема што е дел од соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина.

Изминатата година со поддршката на кинеската амбасада, Министерството за труд и социјална политика реализираше изградба инклузивни игралишта и опремување на сензорни соби во градинки во Струмица, Крушево и Кривогаштани.

На средбата беше разговарано и за идни соработки во делот на детската заштита пресретнувајќи ги заедничките интереси на двете страни. На средбата беше дефинирано дека вакви инклузивни игралишта и сензорни соби во наредниот период ќе бидат отворени и во Струмица, Велес и Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК