Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Нови инвестиции во здравството, за прв пат граѓаните на Сарај добиваат нова поликлиника

СДСМ континуирано инвестира во здравството, во здравјето на граѓаните. Заокружена е уште една капитална инвестиција – нова Поликлиника „Сарај“, инвестиција вредна близу 1,3 милиони евра, буџетски средства, со која се обезбедуваат современи услови за лекување и квалитетен здравствен третман, соопшти СДСМ.

-За прв пат, по 50 години, на жителите На Сарај им е обезбедена примарна здравствена заштита, во модерен поликлинички центар.

Во текот на изминатиот период беа реализирани голем број на реновирања и опремувања во здравствениот систем во државата, како новата Клиника во Козле.

Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел кој беше правен заедно со Амбасадата на САД, одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар, но и повеќе други здравствени установи кои беа опремени со нова опрема и со комплетно реновирани објекти.

СДСМ инвестира во здравството за поголем квалитет на услугите, мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК