Интегрален текст од денешната прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:
СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за Претседател на државата за претседателските избори оваа година.
Како партија со најголема внатрепартиска демократија во земјава СДСМ спроведува транспарентна и демократска постапка за избор на најдобриот кандидат.
СДСМ го избира победничкиот кандидат кој ќе биде иден Претседател на Републиката.
Во тек е веќе номинацијата на можни кандидати за претседател на државата во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ.
Дополнително, отворен е и јавен повик за самокандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик.
Со сите документи и формулари од денеска јавниот повик е достапен и на официјалната интернет страница на СДСМ.
Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се од СДСМ но ги споделуваат социјалдемократските вредности.
Сите кандидати мора да ги исполнуваат највисоките критериуми.
Да имаат висок општествен углед и кредибилитет, да уживаат доверба од членството, симпатизерите.
Да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите наши граѓани без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување на уште една стратешка и национална цел: членство во ЕУ.
Сите кандидати мора да го прифатат, да го почитуваат и да се придржуваат кон Кодексот за однесување на членовите и функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Нашите вредности не дефинираат и не разликуваат од антиевропските и недемократски партии како ДПМНЕ и Левица.
Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите и кои се заинтересирани да се пријават. За текот на процесот ќе ја информираме јавноста.
СДСМ ќе го има новиот претседател на државата, СДСМ ќе ја формира иднината проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат.
Отворен повик за самокандидирање кандидати за Претседател на државата