Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Кога ќе разговара Пендаровски со грчката претседателка ќе нè информира за пролонгирање на рокот за промена на личните документи

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања рече дека е во очекување на разговорот на претседателот Стево Пендаровски со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за промените на законот за личните документи.

„Претседателот Пендаровски кога ќе има разговор со грчката претседателка, ќе не информира и потоа ќе може да постапуваме“ рече Ковачевски за законските измени во однос на личните документи.

Пендаовски во интервју рече дека потребни се измени на два закони, за пролонгирање на рокот за промена на личните документи и наместо февруари, рокот да биде септекври-октомври, но и тој кажа дека прво мора да се разговара со Грција.

Премиерот Ковачевски кажа дека е отворен за предлози и рече дека очекува исход од разговорот на Пендаровски со грчката претседателка.

„Сите предлози за мене се добри. Претседателот може да се сретне со претседателката на Грција, бидејќи сепак и тоа е нивото на кое може да се разговара. Ќе разговараме на седница на влада во однос на можноста ова да се направи. Претседателот Пендаровски најдобро знае бидејќи тој беше вклучен во подготовката на Преспанскиот договор, а при зачленувањето во НАТО беше координатор за НАТО и поради тоа има повеќе детали како би можело тоа да се реши на меѓународно ниво со Грција. Зошто да не“ рече Ковачевски вчера.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК