Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Инфлацијата е 3,6%, намалена за пет пати

-Успешните економски мерки и политики на СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани, соопшти СДСМ.

„Стапката на инфлација во декември 2023 година се спушти на 3,6%.

Инфлацијата е намалена за околу пет пати во однос на декември 2022 година, кога изнесуваше високи 18,7%.

СДСМ го заштити стандардот на граѓаните, со креирање и реализација на мерки како одговор на високите стапки на инфлација предизвикани од економската и енергетската криза.

Истовремено, со постигнување на ниска и стабилна инфлација, економските мерки поттикнаа раст на платите.

Просечната плата се искачи на највисока вредност досега од речиси 39.000 денари.

Со СДСМ ќе продолжат да растат платите и пензиите, како и куповната моќ на граѓаните.

СДСМ продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК