27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Исмаил во Студиото на Слободен печат: Уставните измени се чекор кон интегрирање во ЕУ, но и кон затворање на отворените прашања

Во студиото на Слободен печат, политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил порача дека одредени структури во опозицијата успеале да спречат носење уставни измени и на тој начин да го блокираат процесот на интеграција.

„Уставните измени беа само еден чекор кон интегрирањето во ЕУ, но и затворање на отворените прашања. Ние за жал, се уште го живееме распадот на Југославија, затоа што распаѓањето не е само едно рушење на куќа. Ние тоа се уште го живееме затоа што Македонија спаѓа на отсечката од тој фронт, во период кога во светот се води една огромна војна, која не е толку далеку од нас, колку што нам ни се чини, а тоа е руската агресија врз Украина. Второ, се запали огнот на Блискиот исток, којшто никогаш не беше угаснат и идејата на одредени сили е и на Балканот огнот никогаш да не се изгасне до крај“ посочи Исмаил додавајќи дека такви структури што работат за туѓи интереси има и во сегашната опозиција.

Според него, Македонија има проблем со дел од бугарската политика која е заложник на одредени источни и рпруски политики.

„Бугарите се едно множество, каде не се сите исти. Ние имаме проблем со еден дел од бугарската политика, којашто е заробеник на едни други полтиики, односно на источните политики“ порача Исмаил.