Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

109 санкционирани возачи во Скопје, 20 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон при возење… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК