18.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Ме радува тоа што покрај инвестицискиот бум во фотоволтаиците, инвеститорите во нашата држава гледаат можност за инвестирање и во друг вид на енергија

„Во делот на останатите видови на инвестиции, покрај фотоволтаиците, една од нив е и карго аеродромот којшто треба да биде првиот агрофотоволтаичен парк на којшто ќе бидат поставени фотонапонски панели на одредена висина. Ќе се одгледуваат и понатаму земјоделски култури коишто имаат можност да се одгледуваат во тие услови. Целта е да се искористат сите можности, со оглед на тоа што сме држава која нема мора, но има други ресурси со коишто изобилуваат можностите за реализирање на инвестиции“, изјави Дарио Николовски директор на Агенција за енергетика во утринска програма на Слободен Печат.

Тој додаде дека сонцето во нашиот случај е еден од најважните елементи бидејќи имаме сонце повеќе од 300 дена во годината.

„Инвестицијата на ВПД во Старо Нагоричане се уште стои. Компанијата се уште ја мери силината на ветерот, но со оглед на тоа што таму има изобилие на ветер, и неколку други други компании во пределот околу нив исто така најавуваат можни инвестиции. Како ветерна енергија, годината што измина ние како агенција имаме добиено барања за издавање на решенија за ветер. Тоа ме радува затоа што и покрај инвестицискиот бум во фотоволтаиците, инвеститорите во нашата држава гледаат можност за инвестирање и во друг вид на енергија“ потенцираше Николовски.

Тој заклучи дека целта и заложбата е како во фотоволтаиците, така и во сите останати области од енергетиката, да се олеснат можностите и процедурите, да се покаже експедитивност и со тоа да се привлечат инвеститори.