Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство на сите граѓани

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на Архиерејска литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, од каде во име на Владата и МВР на сите граѓани им посака многу здравје, среќа и единство.

– На сите православни верници им посакувам честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство што е најмногу потребно, а на сите граѓани да посакам здравје, среќа и заеднички да празнуваме, заеднички да ја градиме Македонија со просперитет и напредок за секој, изјави Спасовски, по богослужбата на Архиепископот г. г. Стефан.

Лепче со паричка за Бадник, посочи Спасовски е традиција во семејството. – Паричката се падна кај мајка ми, кратко рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК