Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЦАРИНСКА УПРАВА: СПРЕЧЕН НЕЛЕГАЛЕН ВЛЕЗ НА 11 МИГРАНТИ ПО КОНТРОЛА НА ТРИ КАМИОНИ ОД ПОЛСКА

Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела.

Два случаи се откриени од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата на Богородица на 4 јануари доцна вечерта и на 5 јануари во 4 часот наутро. И во двата случаи мигрантите се откриени во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +