Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Мултиетничко дружење на младите за Бадник во рамки на проектот „Безбедни училишта”

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Куманово присуствуваше на мултиетничко празнување на големиот христијански празник Бадник, во кое учество земаа учениците во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“.

Учениците кои посетуваат настава на македонски јазик беа домаќини на врсниците кои посетуваат албански наставен јазик, со возвратно дружење за време на муслиманските празници, а со цел да ги споделат своите обичаи, култури и традиции, и да празнуваат заедно во духот на почит и меѓусебно разбирање.

„Бадник е време кога се потенцираат вредностите на мир, љубов и хармонија. Нашето мултиетничко дружење ја отсликува оваа порака на младите луѓе кои потекнуваат од различни верски и етнички позадини, а кои заедно празнуваат и ги споделуваат најубавите аспекти на своите култури”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека настанот е дел од проектот „Безбедни училишта“, кој по 13-ти пат успешно се реализира од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со локалните училишта.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК