Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Косово, во камион криумчарело стока без документација

На 05.01.2024 околу 16.30 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Н.Х.(49) од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, соопшти МВР:

При преглед во товарното возило „рено“ со косовска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена стока за која немал доказ за потеклото, односно не поседувал официјален заверен документ. Возилото и стоката биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Полициската станица Чаир.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК