Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за сообраќајката во која учествуваше владино возило, а внатре беше министерката Тренчевска

На 05.01.2024 во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип – Радовиш, во близина на с.Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од Г.А.(53) од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје, и патничко возило „фолксваген пасат” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.Ј.(48) од с.Мокриево, Општина Ново село, со четири сопатници во возилото.

Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. Досега не се пријавени повреди од друго лице.

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК