Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди, вели дека безбедноста на авиосообраќајот и навигацијата никогаш не била, ниту ќе биде загрозена. Граѓаните може да патуваат безбедно, додаде тој по вчерашните инциденти во зградата на радарската соба, каде што е сместена обласната контрола на летање при М-НАВ.
„Од 3 ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов со минус 70 % сообраќај и немаше средства ниту за оперативни простории, а камоли за плати. Успеавме да ја донесеме фирмата на здрави нозе, М-НАВ денеска ги има намирено сите загуби што беа поради надворешен удел, без ниту еден денар помош од кого било“, изјави Хамиди.
За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!
▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALASУживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.
Вели дека цело време биле напаѓани од страна на претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, и истакна дека не излегувале пред медиумите да се пожалат бидејќи, како што вели, имале покрупни работи со кои морале да се занимаваат.
„Нѐ повредува сите нас и не нѐ остава да си ја завршиме работата. Репутацијата на нашата компанија е доведена во прашање поради лажни клевети дека ништо не чинело“, истакна Хамиди.


