22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ако ви се заглави рибна коска во грлото, еве што да направите

Рибата традиционално се јаде за време на божиќните празници, но уживањето во семеен ручек или вечера може да се расипе со мала коска што може случајно да ја проголтате без воопшто да забележите.

Ако ви се заглави коска во грлото, задолжително посетете лекар, не си играјте со неа.

Еве неколку методи кои можат да ви помогнат ако не можете веднаш да одите на лекар:

Кашлица
Кашлањето обично е инстинктивна реакција и може да ви помогне. Кашлајте и на тој начин може да ја исфрлите коската.

Маслиново масло
Лажица маслиново масло може да биде корисна, се разбира, ако сте проголтале помала коска.

Банана
Ставете малку банана во устата додека не стане влажна, а потоа проголтајте ја.

Побарајте медицинска помош
Иако ова може да ви изгледа безопасно, треба да побарате лекарска помош бидејќи тоа ќе ви помогне поуспешно да ја отстраните коската од грлото.