Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

За платите на децата на партиските функционери или за животот на авиопатниците

За платите на децата на партиските функционери или за животот на авиопатниците

ЗОРАН ИВАНОВ

Со сообраќајот нема играње, со патниот, железничкиот, бродскиот, со воздухопловниот посебно иако светските статистики говорат дека според бројот на жртвите од несреќите и согласно динамиката на авиосообраќајот и бројот на патниците на годишно ниво, последниов е најбезбеден, па сепак, кај нас, со оглед на актуелните но и во континуитет повеќегодишни кадровски случување во МАНАВ, во македонската агенција за навигација, државна институција со грижа, нели, за безбедност на македонското небо и на овдешните аеродроми, за сигурност на патниците и на посадите на авионите, а сугерирано во оваа една реченица, како да е крајно време Eurocontrol, европската организација за безбедност на воздушната навигација, да ја преземе контролата врз македонското небо, нашата агенција да ја стави под принудна управа и конечно да запрат дилемите за тоа за што натаму повеќе ќе се грижи МАНАВ, за платите на децата на партиските функционери или за животот на авиопатниците!

Извор: Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК