Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се јавувала кај жени и им кажувала дека нивните ќерки направиле тешки сообраќајки, за да им ја среди работата им барала пари – Кривична пријава за измамничка од Бугарија

Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ– Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Куманово, СВР Скопје и ОВР Свети Николе расчисти две кривични дела „измама“ извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе и ќе поднесе кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги извршила делата. Осомничената ги сторила делата на тој начин што се јавувала кај оштетените и им кажувала дека нивните ќерки предизвикале сообраќајни несреќи и дека се наоѓаат во тешка состојба и затоа требале да дадат одредена сума на пари на лекар за да им бидат извршени хируршки интервенции.

На 03.01.2024 во 18.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Е.И., по што била пренесена во СВР Куманово, каде што бил извршен службен разговор со неа.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК