Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бислимовски: Злонамерно, ДПМНЕ и Левица ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Владимир Бислимовски, советник во Советот на Општина Карпош:

 

Поради блокадите на ДПМНЕ и Левица загрозена е работата на градинките, училиштата и администрацијата на општина Карпош.

Целото функционирање на општината е загрозено поради неразумните деструкции на ДПМНЕ и Левица по налог на Христијан Мицкоски.

На последната седница на Советот на општина Карпош ДПМНЕ и Левица не само што го блокираа донесувањето на Буџетот туку ја блокираа и одлуката за времено финансирање.

Со ова вработените градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените кои се грижат да водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата.

Со што овие луѓе им згрешија на Мицкоски, ДПМНЕ и Левица па вака да ги казнуваат?

Затоа е и овој протест денеска на дел од вработените, кои се соочуваат среде празници да бидат без пари, да не можат да си ги платат сметките, да не можат да одвијат за своите деца.

Ова што го прават ДПМНЕ, Левица и Мицкоски не е политика.

Ова е предизвикување пакост и штета на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски.

Ова е злонамерно, брутално и нечовечно казнување на работниците кое мора да се прекине.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК