Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Пониска цена на струјата за 5 отсто во прв блок

Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедуваат пониски цени за граѓаните за електрична енергија, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз преку соопштение.

„Од првиот ден на новата година за домаќинствата ќе има пониска цена на електрична енергија.

За 5% поевтина цена во прв блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти.

Политиките на СДСМ во време на здравствена и енергетска криза даваат резултат.

Само со мерката за евтина дневна тарифа на струја, граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите.

Зголемувањето на енергетската независност, фокусот кон стабилна испорака на струја со цел заштита на ранливите и пензионерите осигураа пониски сметки.

Енергетиката и заштитата на стандардот на граѓаните остануваат во фокус на СДСМ и во 2024 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК