Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН: Метеоцентар со неколкудневна прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Потоа до крајот на работната седмица ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот.

Прогноза за 03.01.2024
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 04.01.2024
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 05.01.2024
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, преку денот променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК