Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.020 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, „реални“ повици биле 44,36%, а 55,64% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 62,26%, кон Итната медицинска помош 30,94%, а кон пожарникарите 4,53% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,26% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 55,64% – вкупно на број 1.130, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).
Инаку, ЦУК информира дека ова изминато саботно деноноќие има само еден помал пожар на отворено.
Но, има пожари во урбани средини при што се ангажирани поголеми противпожарни тимови за гаснење на запалените објекти, од вообичаените оваа недела.
Во Скопје, пожарникарите од 23:40 часот, со тим од 11 пожарникари и 4 ПП возила гаснеле запалена куќа на површина од 100 м2 во Арачиново, во истоимената општина. Инаку, од 14:15 до 15:30 часот, со 6 пожарникари и 2 ПП возила, гаснеле запален магацин со санитарија на површина од 60 m2 на ул. „Стар Качанички Пат“ бб во Општина Бутел, од 04:00 до 05:00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалени три патнички возила на ул.„Алија Авдовиќ“ во Општина Гази Баба, и имале уште една помала интервенција поради запалени отпадоци.
Во Гевгелија, пожарникарите од 08:10 до 11:40 часот, со 8 пожарникари и 3 ПП возила, гаснеле запалена подрумска просторија во зграда на ул.„Маршал Тито“ бр.130 во с.Богданци. Во текот на интервенцијата, станарите од зградата биле евакуирани со корпа со кран од страна на фирмата „Пеливан компани“.
Во Куманово, известува дека пожарникарите имале една интервенција поради запалени електрични броила пред зграда на ул.Кирил и Методиј.
Пожрникарите имале интервенции и во други населени места во државата, но во помал обем со стандардни помали тимови.