Centar.mk
ЛОКАЛНО

НЕМА ДА ИМА ОГНОМЕТ ВО СКОПЈЕ ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Организирана е целодневна забава со македонски пејачи

Градот Скопје заедно со Комората на музичката индустрија за пречекот на Новата 2024 година организира целодневна забава за сите герерации на градскиот плоштад во Скопје со исклучиво домашни изведувачи меѓу кои Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.

– Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, рекоа од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК