22.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија ќе им плати на граѓаните 20.000 евра грант: Има само еден услов

Германија одлучи на своите граѓани да им ги даде најголемите субвенции во историјата. Наскоро сите што ги исполнуваат условите за промена на парното ќе можат да подигнат 20.000 евра поддршка за да инсталираат поефикасен алтернативен систем за греење во своето домаќинство.

Според информациите на германските медиуми, Министерството за економија од 1 јануари следната година ќе почне да дели грант од 20.000 евра, а истиот ќе трае до крајот на февруари 2024 година.

Основната поддршка, која изнесува дарежливи 30 отсто од вкупните трошоци, ќе биде достапна за сите, без разлика на приходот. Сепак, дополнителен бонус од пет проценти ќе добијат оние кои ќе изберат ефикасни геотермални топлински пумпи или други еколошки алтернативи.

Дополнителна предност имаат домаќинствата со ниски примања, со бонус од 30 отсто, што може да ја зголеми вкупната поддршка на 65 отсто, пишува магазинот Феникс.

Финансиските грантови даваат стимул за граѓаните кои сакаат да ги заменат своите стари системи за греење со гас или нафта.

Дополнителни 20 проценти од поддршката се достапни до крајот на 2025 година, проследено со намалување на бонусот на 15 проценти до 2026 година и конечно на 10 проценти до 2027 година. Владата постави лимит од 70 отсто од трошоците, односно максимум 21.000 евра, кои корисниците можат да ги добијат како субвенција.

Покрај тоа, на граѓаните им се нудат поволни кредити до 120.000 евра, додека поединечни сојузни држави дополнително обезбедуваат сопствена финансиска поддршка. Оваа субвенција не само што го олеснува финансискиот товар, туку претставува и важен чекор кон поеколошки иднина во германските домови.