Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Честика на ДПМНЕ за граѓаните: поскапи цени за вода низ општините, велат од СДСМ

Граѓаните добија новогодишна честитка од локалните власти на ДПМНЕ со покачени цени за вода, соопшти СДСМ.

„Прилепчани во новата година ќе плаќаат вода, поскапа за 33 отсто, откако ДПМНЕ им го покачи данокот на имот за 300 отсто, сметките за комунални услуги за 67 проценти, како и паркингот и градскиот превоз.

Водата поскапува и во Битола, каде јавните претпријатија се во дебели минуси.

Комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ДПМНЕ.

По џебот на граѓаните удри и општина Штип, каде е зголемен данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

ДПМНЕ во над 40 општини, донесе нула резултати, нереализирани ветувања, поголеми сметки за граѓаните, задолжени општински каси.

Локалните власти на ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК