Centar.mk
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен дилер во Битола, осуден на казна затвор од три години

Вчера во 22.15 часот на ул.„Шералти” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.К.(36) од с.Граешница, битолско. Тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК