Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ВО ЦЕНТАР ЗА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2024 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (сабота), 07.01. (недела) и 08.01.2024 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави новогодишни и божиќни празници.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК