13.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ветеровски: Движењето на транспортните средства помеѓу Северна Македонија и ЕУ, се врши врз основа на европски транзитен систем

„Најголемата предност која што често пати економските оператори и компаниите ја знаат се овие три системи во тој процес на забрзана интеграција. Ние веќе користиме некои од системите на ЕУ, пред сѐ би го спомнал еве новиот компјутеризиран транзитен систем, како да сме земја членка. Односно движењето на транспортните средства, на камионите, помеѓу Северна Македонија и ЕУ, се врши врз основа на тој европски транзитен систем. Односно што тоа практично значи? Тоа практично значи дека еден македонски извозник, со еден транспортен документ или транзитен документ кој што се отвара во нашата земја, може да излезе стоката до било која земја членка на ЕУ, без да вади никакви дополнителни документи“, вели во интервју за Рацин.мк Златко Ветеровски, помошник директор во Царинската Управа на Северна Македонија.

Тој додаде дека тоа е најголемиот бенефит бидејќи тоа го користат сите поголеми компании бидејќи ние во областа на транзитот, тука исто така е од соседството и Србија, имаме транзитна царинска постапка, исто како да сме членки на Европската Унија. А второ таков бенефит што се користи е интегрираната тарифна околина која што е тарифен систем на Европската Унија, која што за компаниите овозможува многу погодности во поглед на намалување на времето за увоз и извоз, бидејќи они ги користат тие погодности исто како да сме ние членка на Европската Унија.

„Со тоа исто така ќе се постигне со воведувањето на новиот едношалтерки систем, со кој што постоечкиот систем на дозволи за увоз и извоз, ќе бидат електронски издавани. И на тој начин, компаниите ќе можат да ги имаат тие погодности, односно во сегашниот процес нели на новиот план за раст на Западен Балкан и забрзаната интеграција како единствениот пазар на ЕУ“, потенцираше Ветеровски.
Тој додаде дека она што ние треба да го направиме и она што компаниите треба да го имаат во предност е што сега сите македонски компании при извозот во ЕУ не плаќаат никакви давачки, царински збориме.

„Сеуште се насочени кон добивање на некои дозволи, сертификати, кои што со овој процес на прилагодување, односно со забрзаната интеграција која е единствениот пазар, ќе може да има меѓусобно признавање на нашите документи што се за компаниите, односно елиминирање на некој вид на тие не-царински бариери ќе значи уште поголем пристап. Да не заборавам, ЕУ е нашиот најголем трговски партнер и ние во суштина мораме да ги правиме како царина сите напори, за да компаниите имаат што полесен пристап со европскиот пазар, и во поглед на увоз, и во поглед на извоз“, заклучи Ветеровски.