Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: БЕСА и ДПМНЕ во општина Тетово да ја повлечат одлуката за верскиот објект на Шапка

-СДСМ бара од коалицијата БЕСА и ДПМНЕ во општина Тетово да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка и да се воздржат од какви било понатамошни дејствија, соопшти СДСМ.

„На Попова Шапка станува збор за црковен имот и верско обележје (крст) во двор на манастир а не за објект. Какви било провокации и дејствија може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните.

Сите политички чинители, пред се коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на општина Тетово треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово.

За жал, БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање.

Загрижува тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на БЕСА.

Секретарот на општина Тетово, вториот човек после Касами е од ДПМНЕ.

Постојат сомневања дека ова е дел од договорено сценарио на ДПМНЕ и БЕСА во предизборието.

СДСМ заедно со граѓаните, со сите разумни и одговорни политички субјекти ќе направи се да не се дозволи сценаријата на БЕСА и ДПМНЕ во Тетово да успеат.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК