Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Димитрова: Секоја година, во духот на празниците организираме божиќни работилници со рачно работени лампиони и декорации

„Секоја година, во духот на празниците организираме божиќни работилници со рачно работени лампиони и декорации. Во нив се вклучени голем број на ученици. Секој лампион и декорација се магични и уникатни. Националната Галерија прави соработка со сите училишта и со сите факултети, така што сме научиле меѓусебно да си помагаме и поддржуваме. Лампионите беа изработени од Машинскиот факултет. рече Маја Димитрова, едукатор во Националната Галерија во утринската програма на Слободен Печат.

Таа додаде дека студентите од Машинскиот факултет, од отсек индустриски дизајн се редовни учесници во работилниците.

„Со сите мои колеги и колешки од едукација, редовно сме во соработка, голем дел училиштата коишто доаѓаат кај нас ги препраќаме во посета на останатите институции. Сите тие едукативни работилници се во склад на тие нивни матични куќи“, потенцираше Димитрова.

На личен план, Димитрова истакна дека се доживува како едукатор, позиција којашто опфаќа многу работи и професии и заклучи дека ги сака и уважува децата и во услови на брзи и достапни информации децата брзо го губат интересот кон се што се случува, така што креативните работилници помагаат на децата да стекнат информации коишто понатаму ќе им помогнат во нивниот развој.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +