Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бислимовски: Цената на струјата за првиот блок се намалува за 5,16 проценти, за вториот блок и евтината тарифа останува иста

„Кога ќе се собере цената за енергија во првиот блок и мрежарината, цената во првиот блок се намалува за 5,16 проценти. Вториот блок и евинтата тарифа на струјата останаа непроменети“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој кажа дека во третиот блок има зголемување на цената од 2,88 проценти, додека во четвртиот блок зголемувањето е 1,86 проценти.

„80 отсто од потрошувачите во државата никогаш не влегуваат во третиот блок, дури и во зимските месеци остануваат во вториот блок“ рече Бислимовски.

Во врска со новата ставка за пристап до мрежа, Бислимовски објасни дека тоа нема да биде дополнителна давачка за граѓаните, туку се дели вкупната сума на сите поврзани потрошувачи.

„Надоместокот за пристап до мрежа е 200 денари. Но, за сметка на тоа, бидејќи сумата на пари што треба да се собере е иста, цената за енергија е намалена за 23 отсто. Не сме измислиле нова давачка, тоа се лаги. Едноставно ги прераспределивме парите за да има фер пристап“ рече Бислимовски.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК