Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бислимовски: Има многу за кои добра вест е само лошата и кои се надеваа дека ќе порасне цената на струјата, но тоа нема да се случи

„Трет пат по ред, откако ги воведовме блоковите, цената во првиот блок ја намалуваме, ја вративме евтината дневна тарифа со иста цена. Сега јас знам дека има многу разочарани, ширачи на жани вести за кои добрата вест е само лошата вест, дека е потоп“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека нема потоп, туку има намалување на цената во прв блок, дневна евтина тарифа од 13 до 15 часот и непроменета цена на евтината тарифа.

„Треба да кажеме стоп на лагите и невистините“ рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ рече дека сите пресметки се во рамките на методологијата, каде што се признаваат разумните трошоци и разумниот профит за електродистрибуција и МЕПСО, но не на сметка на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК