Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Арсовска: ДПМНЕ е власт во Град Скопје, ако има проблем се знае од каде потекнува, од оние кои имаат 500 членови на управни и надзорни одбори

„Петстотини членови на управни, надзорни, училишни одбори има коалицијата на ДПМНЕ во Градот Скопје. Тие се мнозинство, тоа се нивни членови, нивни претставници. Ако има проблем некаде се знае од каде потекнува, од оние што земаат хонорари и потекнуваат од редот на ДПМНЕ“ рече гардоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот и со тоа мнозинство има избрани и претседател на Советот на Град Скопје.

„Тоа е власт во Град Скопје. Сите јавни претпријатија, управните одбори ги раководат лицата поставени од ВМРО-ДПМНЕ. Од тие факти нема бегање“ рече Арсовска.

Градоначалничката рече дека прашањето е колку сега тие, што се на власт во Градот Скопје сакаат да направат нешто за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК