Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Зад сите одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ

-Градоначалникот на Тетово Билал Касами и ОК на ДПМНЕ од Тетово одлично си соработуваат, но не во интерес на граѓаните, и решавање на предизвиците во општината, туку за партиски интереси, соопшти СДСМ.

„Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ДПМНЕ, се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово, коишто ги извршуваат кадрите на Христијан Мицкоски, меѓу кои и секретарот на општината, втора по важност општинска функција.

Нивната цел е поттикнување на национализам и верски поделби меѓу граѓаните. Тоа се деструктивните политики на ДПМНЕ, кои го делат народот и ја влечат државата назад.

Зад сите штетни одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК