Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Меџити: Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнето уште едно ветување

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека во петокот, 22 декември 2023 година е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија.

„Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate – документ со којшто се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања согласно производителот Varian Medical Systems. Во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите“, вели Меџити.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК