Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: Земјава има неискористени потенцијали, секој треба да даде свој придонес во општеството

„Лично сметам дека има потенцијали во земјава и не се искористи. Знаеме доста реактивно да се однесуваме, но треба да погледнеме повеќе на тоа што го правиме и тоа што можеме да го направиме“ рече режисерот и директор на фестивалот „Киненова“, Небојша Јовановиќ во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека секогаш постои оптимизам и треба да се искористат сите начини да се унапредат состојбите и да се продолжи понатаму.

„Сметам дека македонското општество треба да понесе одговорност, а не постојано да бараме кој што направил. Треба да застенеме и да видиме што сакаме“ рече Јовановиќ.

Режисерот исткна дека секој треба да даде свој придонес и да направи одреден општествен притисок, да изнесе одредени барање.

„Не треба да се чека корупцијата некој таму да ја расчисти. Сите треба да имаме проактивна улога, бидејќи учествуваме во сите тие процеси“ рече Јовановиќ.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК