По само шест месеци на чело на Царинската управа, директорот Стефан Богоев вели дека работите се видливо размрдани по сите основи.
„Ветивме дека Царинската управа постои за бескомпромисна борба за криминал и корупција и дека ќе бидеме партенери на стопанството и компаниите и сето тоа ќе значи поголем прилив во државната каса во Буџетот. И ми е драго да кажам дека имаме 46% раст на данокот на моторни возила овие 6 месеци во мојот мандат, виза ви истиот период минатата година. Имаме околу 8,5% раст на даноците царински, царините, наспроти истиот период лани. Имаме 3% раст на акцизите виза ви истите 6 месеци лани. Приходите растат по секој основ , не само што приходите растат туку расте и бројот на заплени. Имаме раст од 30% на заплените во мандатот како сум јас директор, наспроти 6 месеци истиот период минатата година“, вели Богоев во утринското гостување на „Слободен печат“.
Тој посочи дека за само 6 месеци заплениле досега најголем број на лекови кои требало да завршат на нелегалниот пазар во земјава.
„И не само што имаме раст, мене ми е драго затоа што ние велиме, Царината е заштитник на општеството, на здравјето на граѓаните и тука имаме имаме запленето 66 000 парчиња ризични лекови во овие 6 месеци што е еден од најголемите бројки во историјата на Царинската управа, кои доколку влезат во промет се опасни за граѓаните.
Имаме и заплена на кеш пари. За 6 месеци околу 360 илјади евра. Заплена на пари кои директно може да одат во Народна Банка и Буџет, истакна Стефан Богоев, директор на Царинската управа и потпретседател на СДСМ во утринското интервју на „Слободен печат“.