Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Историско НЕ за државата – дневно политичко ДА за гласовите на граѓаните

Историско НЕ за државата – дневно политичко ДА за гласовите на граѓаните

ЗОРАН ИВАНОВ

Партиската доктрина на ВМРО-ДПМНЕ сведена во два, три збора би била “да ама не“, политика со која кога е густо се бега од битката за државата и сета партиска енергија во кризните етапи се вложува во битки за гласови на граѓаните, доктрина која партијата ја негува цели три декади и практика која македонските историски премрежија ги става во една себична изборна гласачка функција на што упатува блиц хронологијата која отсликувајќи ги фактите вели дека во сите клучни државни кризни и развојни теми и тоа од почетокот на македонската самостојност наваму какви што беа партиските популистички замајувања во 1993-та со “не” за ООН под ФИРОМ, па 2001-ва со “не” за Рамковниот, па пак “не” за Преспанскиот во 2018-та, па еве и сега во оваа 2023-та со последново нотарско „не“ за ЕУ и сè така кога треба да се подметне грб и да се преземе политичка одговорност, наместо тоа саде партиски блефови за загрозеност на нацијата и државата, а всушност, кажано во оваа една реченица, континуирани партиски кампањи во стил на некаков изборен слоган од типот: Историско НЕ за државата – дневно политичко ДА за гласовите на граѓаните.

Извор: Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК