Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

200 санкционирани возачи во Скопје, 128 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за некористење сигурносен појас… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ДИРЕКТНИ ЗАКАНИ ЗА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА – АВМУ бара институциите да реагираат

ДЕСК

Лефков: Црните сценарија на СДС нема да успеат, банкарскиот сектор е стабилен

ДЕСК