27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Отпорноста на хибридните напади не е само национална туку и регионална обврска, а Северна Македонија е фактор на влијание на стабилност

„Отпорноста од хибридни напади вклучува справување со манипулациите со информации и влијанијата и сајбер безбедноста и јакнењето против останатите форми на хибридни активности. На исполнувањето на оваа обврска сме сериозно посветени и континуирано преземаме превентивни и реактивни мерки. Таа обврска не само национална туку е и регионална каде сме и фактор на влијание на стабилност, а на крајот е и глобална“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“.

Тој додаде дека како дел од НАТО, сите 31 земја членка споделуваат алатки, знаење, информации и анализи.

„Сѐ повеќе истражувања потврдуваат дека мнозинството граѓани не само што ги препознаваат дезинформациите, туку ги препознаваат и изворите и нивното намерно создавање, и ова е на највисоко ниво од кога било предходно. Тоа е огромен исчекор за нашето општество и најважниот чекор во борбата“ рече Ковачевси.

Премиерот додаде дека тоа во моментов сите релевантни чинители во општеството, сеедно дали се институциите или граѓанските организации или медиумските организации, точно го знаат проблемот, и го препознаваат пристапот на вклученост на целото општество како клучен во справувањето со предизвиците, веќе во голема мера нѐ става во предност во оваа борба.

„Оттука, сметам дека вклученоста на целото општество е решението и сега и во иднина. Ние, како општество, и тука мислам и на медиумите и на граѓанските организации и на институциите, мораме да бидеме на вистинската страна и здружено да се бориме против дезинфомациите односно манипулациите со информации. Состојбата со дезинформациите и глобално а и на Западен Балкан одамна не дозволува да има нетуралност по ова прашање“ рече Ковачевски.