Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа работен состанок помеѓу министрите Николовски и Спасовски и претставници на Шумската Полиција и единиците на Министерството за внатрешно работи. По состанокот свајцата министри дадоа изјави за медиумите.
Темата на средбата беше заедничката соработка помеѓу двете министерства во борбата против бесправна сеча на шумите.
Подготовките за заедничко делување започнаа летово, при што најпрво беа разгледани критичните точки на бесправни сечи. Во август е извршен теренски увид, по што следеше превземање на повеќе акции на целата територија, со заеднички патроли на Шумската полиција, МВР и ЈП Национални шуми.
„Од страна на Шумската полиција од јануари-ноември вкупно се поднесени 1258 прекршочни пријави, 197 кривични пријави, од МВР до шумската полиција 95 пријави, од шумска полиција до МВР 21 пријава. Привремено одземени предмети и средства се 76 товарни моторни возила, 207 патнички моторни возила, 42 трактори, 49 тракторски приколки, 126 моторни пили. Привремено одземената дрвна маса изнесува 2148 метри кубни огревно дрво, 103 метри кубни техничко дрво и 431 останато техничко дрво“ потенцираше министерот Николовски и детално ги образложи заедничките акции кои оваа есен се спроведоа на територија на целата држава.
Една од најуспешните беше големата полициска акција која беше организирана на 19 и 20 септември 2023 год. на место викано Рамно- Скопска Црна Гора, каде што во заедничка акција од слобода беа лишани 10 лица кое се затекнати на лице место при бесправна сеча. На лице место беа пронајдени 4 товарни возила натоварени со огревно дрво, 1 патничко возило, 3 моторни пили и 400 метри кубни бесправно исечено дрво. По целосно документирање на случајот во координација со Јавен обвинител, поднесени се кривични пријави по член 226 од Кривичниот Законик. Неколку дена подоцна, повторно на истата локација, повторно е спроведена акција во Рамно- Скопска Црна Гора, каде што се запленети 3 товарни моторни возила и 35 метри кубни бесправно исечено дрво.
Во текот на октомври и ноември, реализирани се повеќе заеднички акции. На планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица, лишени се од слобода 2 лица. На лице место се пронајдени 1 патничко возило, багер, пили, секири и 25 метри кубни огревно дрво и други предмети поврзани со кривично дело.
На местото викано Бела вода, атар на село Неготино, Полошко, лишени се од слобода 3 лица, а на лице место пронајдени се 12 кубни метри огревно дрво, пила и други предмети.
Од страна на Шумската полиција од Охрид во соработка со СВР Охрид, затекнати се 3 товарни моторни возила натоварени со бесправно исечено огревно дрво во количина од 13 метри кубни.
Полициски службеници и шумската полиција од Радовиш, лишиле од слобода 2 лица од село Бучим поради сомнение дека сториле кривични дела пустошење на шума и фалсификување на знаци за обележување на стоки согласно Кривичниот законик.
Во село Сопот, службеници од СВР Велес и Шумската полиција лишиле од слобода 6 лица од село Бузалково, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што се одземени 1 товарно моторно возило, 3 моторни пили и 10 метри кубни огревно дрво.
Во село Колари Кичевско, приведено е 1 лице за бесправно превезување, одземено 1 патничко возило, 1 приколка и огревно дрво.
Во село Волкодери, СВР Битола во соработка со шумската полиција лишиле од слобода 1 лице, при што се одземени 12 метри кубни огревно дрво и е поднесена прекршочна постапка.
Во село Бузалково приведено е 1 лице кое било затекнато како превезува со трактор огревно дрво, тракторот и дрвната маса се привремено одземени и е поднесена соодветна пријава.
Во село Бучим Радовишко, се поднесени 3 кривични пријави за пустошење на шума, фалсификување на знаци за обележувањена стоки и вршење јавен превоз без поседување лиценца.
Во село Кошево, полициски службеници од СВР Штип и Шумската полиција поднесоа 2 кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.
Министерот Спасовски нагласи дека со преземање на раководењето со МВР, борбата со овој вид криминал е поставена високо на агендата на министерството и полицијата, бидејќи шумите се непроценливо богатство и природен ресурс кој не се обновува брзо.
„Заедничките акциски контроли со засилено темпо почнаа уште во 2017 година кога имавме 767 контроли при што беше запленета дрвна маса од 325 кубни метри бесправно исечени дрва. Минатата 2022 година МВР во координација со МЗШВ во заеднички акции имаат реализирано 1828 акциски контроли со запленети над 1457 кубни метри дрва. Досега од 2017, и ако се земат првите девет месеци од оваа година, вкупната бројка на заеднички акциски контроли е 7500, со запленети 4523 кубни метри бесправно сечена дрвна маса“, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека од 2017 година досега од страна на МВР се поднесени вкупно 943 кривични пријави до Основните јавни обвинителства, за сторени вкупно 1176 кривични дела за кои пријавени се вкупно 1473 сторители, меѓу кои најзастапени се „кражба“, „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „пустошење шума“ изјави министерот Спасовски.
Вкупно од 2020 до денес, од страна на Шумската Полиција, поднесени се над 6000 прекршочни и кривични пријави до надлежните служби и изречени се над 3100 правосилни пресуди. Привремено се одземени над 10.000 метри кубни дрвна маса од огревно дрво, трупци и друго техничко дрво, а над 1100 метри кубни дрвна маса е останата на лице место поради неможност за транспорт. Одземени се 248 товарни возила, 1009 патнички моторни возила, 112 трактори, над 400 приколки и запреги, 471 моторни пили, 122 рачни пили и над 400 секири и друга опрема за сечење дрва.
Шумската Полиција, заедно со единиците на МВР, работеше и на промотивни кампањи со цел подобра информираност на граѓаните. Делени беа флаери и постери во сите населени места со телефонски броеви за дојава, на кои секој граѓанин можеше да пријави бесправна сеча и шумски пожари.
Шумската полиција има клучна улога во сузбивањето на организираниот криминал во делот на пустошењето на шумите. Од тие причини, значително се подобрени условите за работа. Шумско-полициските станици се опремени со канцелариски мебел, компјутери и интернет. Шумската полиција, после 12 години доби нови униформи и чизми, секој шумски полиаец доби два сета летна и зимска униформа. Решени се правата и обрските за личен доход, се исплќаат додатоците и надоместоците согласно Законот за работни односи (ноќни смени, празници, работа во ден на неделен одмор, сменско работење, хранарина во ноќна смена, регрес за годишен одмор и додаток од 30% како Овластени службени лица поради видот, природата и сложеноста на работата). Дополнително, минатата година Шумската полиција доби и донација во униформи и опрема од Италијанските карабинери.
„Наша следна цел е да овозможиме шумските полицајци да добијат бенифициран стаж, со оглед на тежината на работата и ризиците со кои тие се соочуваат во борбата со органзирани криминални групи кои вршат бесправна сеча на шумите. Во многу такви акции, животите на шумските полицајци биле доведени во опасност и тоа не само во акциите против безправна сеча, туку и при гаснењето на шумските пожари во кои шумската полиција редовно им помага на единиците на МВР“ подвлече министерот Николовски.
Министерот Николовски и министерот Спасовски упатија јавна благодарност до сите шумски полицајци и благодарност до единиците на МВР, со чија помош успешно се реализирани заеднички акции од поголем обем и заеднички е спречена нелегалната сеча на шумите.