Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите со нови вонредни најави, времето се менува – Метоцентар ја објави најновата детална прогноза

Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во петок времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Прогноза за 22.12.2023
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 11°C

Променливо облачно. Во западните и северните, а во вечерните часови и во источните делови ќе има повремен дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Прогноза за 23.12.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со умерен, наместа повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Прогноза за 24.12.2023
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Претпладне променливо облачно, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +