Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Блокадите на анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица ќе бидат поразени

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Единствен кочничар на државата е анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица.

Иако имаме успешен скрининг, иако имаме силна поддршка во Унијата и отворени врати, поради активната блокада на Мицкоски и Апасиев во македонското Собрание не започна процесот на отворање поглавја.

Виновникот има име и презиме: Мицкоски и ДПМНЕ.

Мицкоски ги понижи македонските граѓани и македонскиот народ.

Откако пропаднаа и сите лаги со кои што го плашеа македонскиот народ, дека некој ќе ни го смени идентитетот, дека ќе сме се асимилирале и бугаризирале.

Сега на граѓаните им е кристално јасно: со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина.

ДПМНЕ ја загуби идеолошката матрица и почна да забегува заедно со Левица.

СДСМ се профилира како партија којашто единствена го брани националниот интерес на македонскиот народ да биде дел од големото европско семејство, признаен и почитуван.

Со СДСМ имаме заштитен македонски јазик и идентитет и извесно членство во ЕУ, подобар животен стандард, поголеми плати и пензии.

Затоа на овие избори за кочничарите, за активните блокатори, за анти европскиот блок на ДПМНЕ и Левица им следува голема казна и пораз.

Активната блокада на европскиот пат паѓа за само неколку месеци и ќе биде поразена.

Со глас за СДСМ и Европскиот Фронт се обезбедува европска иднина, продолжуваме по европскиот пат и полноправно членство во ЕУ.

СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада која ќе ја однесе земјата во Европската Унија и која ќе обезбеди европска иднина, европски стандард и европски вредности.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК