Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Акција на СДСМ за пошумување на 10.000 дрвја

Под мотото „Повеќе зелено“, социјалдемократската младина на Македонија и СДСМ, денеска спроведува голема акција за пошумување на повеќе локации.

„Граѓани, членови, активисти, млади, пратеници, партиски функционери, на 5 различни локации ширум државата ќе засадат над 10.000 дрвја (садници), со средства обезбедени на СДСМ.

Локациите во околината на Велес, Куманово, Делчево, Богданци и Ресен се избрани со анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд, а опфатени се делови кои беа зафатени од пожари.

Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции, ја покажува посветеноста на СДСМ за зголемување на зелените површини, за здрава животна средина, но и за поттикнување на општествената свест.“ – велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК