Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Акција на СДСМ и СДММ за пошумување на 10.000 садници

Социјалдемократската младина на Македонија и СДСМ, како општествено одговорна партија, денеска спроведуваат голема акција за пошумување на повеќе локации.

Локациите се избрани согласно анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд а се опфатени и локации зафатени со пожари во изминатите години.

Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, членови, активисти, млади, пратеници, на 5 различни локации ширум републикат а засадија над 10.000 дрвја (садници).

Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции.

Пошумувањето е значајна и општетсвено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

ДЕСК

ПИЈАН, БЕЗ ДОЗВОЛА И ПО БЕГСТВО ОД НЕСРЕЌА: Дебарчанец нападнал и полицајци

ДЕСК

ДРАМА НА ПАТОТ КИЧЕВО – ГОСТИВАР: Четири возила учествувале во сообраќајка

ДЕСК