Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Снег во најава, подгответе се и за студ и голомразица – Метеоцентар ја објави најновата четиридневна прогноза, времето подготвува ново изненадувањ

Утре ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h). Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

Прогноза за 17.12.2023
Минимална температура: -9°C до 0°C
Максимална температура: -2°C до 8°C

Утрото променливо облачно и студено. Преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 18.12.2023
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 12°C

Утрото студено, преку денот во најголем дел од земјава сончево. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Прогноза за 19.12.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 14°C

Утрото студено, преку денот во најголем дел од земјава сончево. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК