Доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје, медиумите го претставија како „триумфално враќање на руската дипломатија во земјава“ и покрај политичката изолираност на која наиде, истакна Драган Мишев во серијалот на ЦИВИЛ „Ослободи го умот“.
„Посетата на Лавров беше преседан. Најверојатно поради некои повисоки интереси му беше дозволено. ЦИВИЛ излезе со остра осуда за дозволата да како претставник на земја агресор да присуствува на Самитот на ОБСЕ“, изјави Мишев.
Мишев истакна дека руската пропаганда сега не известува од бојното поле, туку сега е насочена кон реални настани.
„Неодлучноста на Западот да стави крај на војната во Украина, меѓутоа не на начин на кој сака Кремељ по негови услови, туку на единствениот исправен начин, а тоа е пораз на империалистичката агресивна војна и политика на Путин и Русија, го искористија руските пропагандни медиуми да шират наратив дека ‘западот се умори да и пружа помош на Украина’, што е сосема неточно“, вели Мишев.
Извор: Civilmedia.mk