Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЦАРИНСКА УПРАВА: СПРЕЧЕН ВО ОБИД ЗА ШВЕРЦ НА 126 ЛИТРИ ПРЕКУРЗОРИ ЗА ПРИЗВОДСТВО НА ДРОГА

Инспектори од мобилните царински тимови Секторот за контрола и истраги при претрес на патничко моторно возило управувано од словачки државјанин, при влез на ГП Табановце пронајдоа и запленија поголема количина на прекурзори за производство на дрога.

Имено, на ден 10.12.2023 година на граничниот премин Табановце за влез во Република Северна Македонија при преглед на патничко моторно возило со словачки регистарски ознаки во багажниот простор од страна на царинските инспектори пронајдени се четиринаесет лимени канти со вкупно 126 литри прекурзори на дрога од кои 10 лимени канти со налепница TOLUEN LAKARSKY со тежина од по 9 литри и четири лимени канти со налепница ACETON со тежина од по 9 литри. По извршено вештачење на стоката, утврдено е дека се работи за прекурзори кои се користат за производство на некои видови на дроги како кокаин, хероин и амфетамински тип на дроги.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК