Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски опкружен со дилери и криминалци, ДПМНЕ е опасност за граѓаните

-Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје, соопшти СДСМ.

„Јавноста го виде Мицкоски во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, кој неодамна е приведен, а претходно како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.

Мицкоски имал средби и со осомничениот за двојното убиство што ја потресе македонската јавност Палевски, кој беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица,

ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога.

Со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани.

Не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани. ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно.

Радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Мицкоски. Доколку ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира.

Вакво ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК